Средбата во рамките на „Џорџо Армани Класик“, кој е егзибициски турнир, без бодовно значење, послужи за тенисерите да влезат во натпреварувачки ритам и да ја почувствуваат тревнатата подлога во самиот меч.

Новак Ѓоковиќ и Френсис Тиафо се погрижија публиката да ужива во нивниот егзибициски меч на „Giorgio Armani Tennis Classic“ во Харлингем.

На крајот српскиот тенисер победи со 2:1, но во текот на мечот една сцена посебно привлече внимание и ги насмеа гледачите.

Тиафо го освои поенот со дроп-шот, по што Ѓоковиќ имитираше старец користејки го рекетот наместо стап.

Не е убаво тоа што му го направи на постар човек“, се пошегува Ѓоковиќ.

Тиафо како од топ одговори:

„И ти направи многу работи во последните 20 години кои не беа убави.“

Ова беше последен тест за двајцата тенисери пред Вимблдон кој стартува во понеделник.

By Author