Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие денеска е приведен заедно со неговиот син Џон Валович-Галтие поради обвинувања за расизам.

Двајцата се уапсени во Ница, каде се се случило. Имено, во април се појави снимка кога во медиумите се појави мејл од поранешниот спортски директор на Ница, Жулиен Фурние, во кој тој го известува својот претпоставен Дејвид Брејлсфорд дека Галтиер во неколку наврати му рекол дека фудбалскиот тим не треба да има толку многу црнците и муслиманите во нејзините редови.

Синот на стратегот на „светците“ е приведен бидејќи прв му кажал на Фурние дека не е добро да има толку црнци и муслимани во тимот.

Останува да видиме како ќе заврши целиот случај, но ова секако не се добри денови за Галтие.

Денеска се појави информација дека тој повеќе нема да биде тренер на ПСЖ. На клупата на шампионот на Франција ќе го замени Луис Енрике.

By Author