Новак е подготвен!

Никогаш, ама баш никогаш не го лути Новак Ѓоковиќ. Може тоа да успева против секого, но не и против него. Деценија и пол ја повторуваат истата грешка, но ако ја гледаме од гледна точка на фановите на српскиот тенисер, тогаш останува само да кажат – Ви благодариме.

Новак Ѓоковиќ веќе успеа да освои два Грен слем турнири во годината, беше успешен и во Австралија и во Франција, додека сега го чека нов предизвик во Велика Британија каде ќе учествува на Вимблдон кој го освои минатата година.

Ѓоковиќ паузираше по Ролан Гарос, нема да учествува на турнири, освен на еден специјален егзибициски.

Сепак, во секој случај пристигна на терените на Вимблдон каде веднаш го изврши својот „ритуал“ карактеристичен за победа. Секој играч, кога ќе го освои овој престижен трофеј и ќе стане „крал“ на тенисот, откорнува по една тревка и ја јаде.

Сега истото го направи и Новак, кој остави и коментар.

– Кога ќе се сетам на вкусот, сфаќам дека би сакал повеќе – напишал кратко Ѓоковиќ.

By Author