Како што велат старите ако „по утрото се познава денот“ ќе имаме фантастична фудбалска вечер полна со голови.

Со натпревари од 18 часот и 45 минути продолжува 5. коло во Лигата на шампионите. Очекуваме средба во Истанбул и Севилја, а потоа ќе се одиграат уште шест натпревари и тоа Баерн – Копенхаген (група А), Арсенал – Ленс (група Б), Реал Мадрид – Наполи, Брага – Унион Берлин (група Ц) и Бенфика – Интер, Реал Сосиедад – Салцбург (група Ц).

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед гостуваат кај Галатасарај во натпреварот од 5.коло од А групата, додека во Б групата Севиља го пречекува ПСВ.

И на Јунајтед и на Севиља им „гори под нозе“ и имаат императив за победа – Англичаните се последни на табелата со три бода, а евентуална победа може да им го донесе второто место, додека Севиља може да се израмни со ПСВ кој има пет бода. .

Тоа го препознаа и навивачите на турскиот тим, кои го наполнија стадионот до крај и на гостите од Англија им приредија навистина „жежок“ пречек.

Кореографијата беше видена низ целиот стадион, со натписот „Добре дојдовте во пеколот“, а како изгледаше погледнете во продолжение.

Во случај на пораз и Јунајтед и Севиља практично ќе бидат елиминирани, а ќе им треба чудо во борбата за пролет или во Лигата на шампионите или во Лигата на Европа.

Галатасарај – Манчестер ј. 3:3 (1:2) (Зиех 29, 62, Актуркоглу 71 – Гарначо 11, Фернандес 18, Мектоминеј 55)
Севиља – ПСВ 2:3 (1:0) (Рамос 24, Ен Несири 47 – Саибари 68, Гудељ 81 аг, Пепи 92)
Арсенал – Ленс 6:0 (5:0) (Хаверц 13, Габриел Хесус 21, Сака 23, Мартинели 27, Одегард 45+1, Жоргињо 86 пенкало)
Баерн – Копенхаген 0:0
Бенфика – Интер 3:3 (3:0) (Жоао Марио 5, 13, 34 – Арнаутовиќ 51, Фратези 58, Санчез 72 пенкало)
Брага – Унион Берлин 1:1 (0:1) (Џало 51 – Госенс ​​42)
Реал Мадрид – Наполи 4:2 (2:1) (Родриго 11, Белингем 22, Паз 8

Нема сомнеж, нè очекува спектакуларна вечер во Лигата на шампионите, а по овие осум натпревари работите во сите групи ќе бидат многу појасни во пресрет на последното, шесто коло, кое е закажано за 12 декември.

By Author