Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го напушти денешниот состанок на владата за да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпаролот на израелскиот премиер.

Нивниот разговор траеше 50 минути, а тој доаѓа во време кога има тензии на релација Москва-Тел Авив поради антиизраелскиот став на Русија, објави Тајмс оф Израел.

Првиот заменик постојан претставник на Русија во Обединетите нации, Дмитриј Полјански, на седницата на Советот за безбедност на ОН оваа недела рече дека Израел ќе изврши воено злосторство доколку ги поплави тунелите во Газа.

„Воените злосторства се во пораст. Во последните денови имаше вознемирувачки информации дека Израел планира да ги поплави подземните објекти во Појасот Газа со морска вода“, рече Пољански.

Повикувајќи се на свои извори, тој изјави дека припадниците на израелската армија веќе изградиле систем на пумпи и цевки со кои ќе ја црпат морската вода и дека во тој план се вклучени и Соединетите Американски Држави.

By Author