Репрезентативецот на Русија во мал фудбал, Иван Чишкала, инаку играч на Бенфика, доби забрана за влез на територијата на Косово.

Бенфика својот турнир од елитното коло во Лигата на шампионите ќе го игра во Приштина, но ќе биде без помошта на еден од своите најдобри играчи.

Чишкала минатата сезона беше најдобар стрелец на фајнл-форот во Лигата на шампионите во футсал, каде ја предводеше Бенфика до третото место во Европа, а португалските медиуми објавија дека нема да игра на претстојниот турнир бидејќи не добил одобрение од Косово да влезе на нивна територија.

Дополнителни објаснувања нема, но овој скандал веќе се слушна, а без Чишкала Бенфика ќе треба да се обиде да стигне до првото место на овој турнир на кој покрај гигантите од Лисабон и Приштина ќе настапи и представникот на Словенија Добовец, како и казахстанскиот шампион, Каират Алмати.

By Author