Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми, но со малку повеќе поминато време поради прекинот поради дожд се пласираше во второто коло на Вимблдон, откако во три сета го совлада Педро Качин од Аргентина – 3:0 ( 6:3, 6:3, 7:6)!

Најмногу внимание предизвика деталот на патиките на Новак Ѓоковиќ: Ќе мора да ги замени по Вимблдон?

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ стартуваше на овогодинешниот Вимблдон. Негов противник во 1. коло беше Аргентинецот Педро Качин.

Сепак, најмногу внимание на овој меч привлече опремата на Џокович.

Имено, на ѓонот од неговата патика стои бројот 23 кој го претставува бројот на освоени Грен слем трофеи.

Да потсетиме, Новак е минатогодишен шампион на Вимблдон. Тој во финалето го совлада австралискиот тенисер Ник Кирјос со резултат 3:1.

Доколку и оваа година биде најдобар на овој турнир, ќе мора да ги смени патиките бидејќи тоа ќе му биде 24. Грен слем.

By Author