Љупчо Палевски – осомничениот за убиството на Вања Г. и Панче Жежовски, доколку има добар адвокат, може целосно да ја прекине екстрадициската постапка, тврди адвокат, пренесува „Фактор.мк“.

Според зборовите на експертот, кој сака да остане анонимен поради чувствителноста на случајот, Палевски би можел да остане во Турција со месеци, па и со години.

„Доколку има добар адвокат, пред се може да не прифати да биде екстрадиран во земјава со тврдење дека е политички прогонуван во Македонија и многу лесно ќе обезбеди докази“, вели адвокатот со кој разговараа медиумите.

Според истиот извор, доколку тоа се случи, турските власти ќе мора да ги проверат сите негови тврдења, со оглед на тоа што неговата партија е индиректно вмешана во целиот случај, односно дека е користено службеното возило на партијата, а категоричните изјави само го поткрепуваат тврдењето. дека е политичка жртва во државата.

„Секако, постои опција да прифати екстрадиција, но доколку ја избере другата опција, ќе поминат месеци пред да биде екстрадиран во земјава“, вели адвокатот.

By Author