Првиот чекор кон целосно укинување на офсајд?

Светската управа на фудбалот (ФИФА) наскоро би можела да направи радикална промена во правилата за офсајд позиција.

Оваа промена ја иницираше Арсен Венгер, поранешниот тренер на Арсенал, па новото правило би го добило неговото име.

„Мојот предлог е играчот да не е во офсајд доколку било кој дел од неговото тело со кој може да постигне гол е во линија со последниот играч од противничката одбрана, дури и ако остатокот од телото на напаѓачот е пред дефанзивецот“, кажал Венгер.

Тој објасни и зошто смета дека промените се неопходни.

„Мораме брзо да ја промениме ситуацијата. Има простор за промена на правилата. Не можеме да земеме во предвид дека дел од носот на играчот е во недозволена положба, па тој е во офсајд бидејќи смее да постигне гол со нос“.

Правилото на Венгер ќе биде тестирано на пракса, прво во Шведска, Холандија и Италија.

Со воведување на ново правило би се намалиле споровите и дискусиите за употребата на ВАР технологијата.

By Author