Стотици илјади фанови во делириум ги чекаат кошаркарите на Денвер, новите шампиони во НБА лигата, кои од 18 часот ќе одат на славеничката парада што се одржува по улиците на градот.
Фановите долго го чекаа овој момент и се очекува да направат вистинско шоу на улиците.
Тимот од Колорадо испиша историја, а сега цел Денвер излезе да ги поздрави своите херои. Никола Јокиќ и другарите се во преден план, а се очекува да продефилираат, традиционално во автобус.
Јокиќ со сопругата Наталија и ќерката Огњена ја напушти салата и се упати кон автобусот. Се очекува голема забава и прослава.