Микаил Фаје, 19-годишниот со прекар „Монструм“ кој настапува за екипата на Кустошија, е новиот фудбалер на Барселона, кој за него платил дури 5.000.000 евра! Неверојатно стоперот од тимот кој се бори за опстанок во втората хрватска лига го носи дресот на каталонскиот клуб, а тоа го потврди и специјализираниот фудбалски новинар Фабрицио Романо.

Хрватскиот второлигаш Кустошија го продаде на Барселона Микаил Фаје, 19-годишниот стопер од Сенегал. Иако првите информации говореа дека е продаден за 1.750.000 евра, тоа всушност е само првата рата за овој одличен стопер. Всушност, Барселона е должна да плати 5.000.000 евра за дефанзивецот од Африка, а малиот загрепски клуб покрај тие пари ќе добие и 20 отсто од следната продажба. И тоа може да биде многу пари!

Покрај сето тоа, Кустошија додаде цела низа бонуси кои очекува да и бидат исплатени, а колку Каталонците го ценат Фаје говори и податокот дека потпишал договор со откупна клаузула од неверојатни 400.000.000 евра! Покрај сето ова, Кустошија за секои 7 натпревари што Фаје ќе ги игра за Барселона ќе добива 1.000.000 евра, а таа сума може да се искачи до 10.000.000 евра. А ако се знае дека Фаје добил покана за подготовките на првиот тим, не е невозможно загрепскиот тим на крајот да инкасира над 15.000.000 евра на овој играч!

Шпанските медиуми пренесуваат дека тој нема да оди на позајмица, а Барса морала да го плати на овој начин бидејќи за него биле заинтересирани и Борусија Дортмунд и Челзи. Сенегалецот сигурно ќе влезе во историјата на клубот бидејќи е првиот играч кој Барселона го купи од втората лига.

Фаје годинава одигра 14 натпревари во втората лига на Хрватска, постигна еден гол и даде една асистенција, а за Кустошија одигра вкупно 1.140 минути.

By Author