НБА одлучи уште еднаш драконски да ја казни ѕвездата на Мемфис Гризлис, Џа Морант, која направи ексцес кога замавна со пиштол на една приказна на Инстаграм. Овој пат казната е суспензија на почетокот на новата сезона, дури 25 натпревари со одбиена плата за тој период, пренесува ESPN!

Морант веќе еднаш беше казнет за истото, но тогаш имаше „само“ осум натпревари, додека сега казната е тројна.

Се чинеше дека Морант ја научи лекцијата, но изледа не било така. Причината за ваквата санкција е тоа што тој се размафтувал со пиштол за време на директен пренос на Интернет, набргу откако ја одлежал суспензијата од осум натпревари поради носење огнено оружје на јавно место.

Казната не се само натпреварите тој нема да може „само така“ да се врати во натпреварувањето по првите 25 натпревари од сезоната 2023/2024, но, како што соопшти лигата, „ќе мора да исполни некои други услови, а дотогаш му е забрането појавување на сите јавни настапи на клубот или лигата, вклучително и претсезонски натпревари“.

Џа Морант има 23 години, беше втор пик на драфтот во 2019 година и веќе двапати беше Ол-стар. Во изминатите четири сезони тој имаше просек од 22,4 поени по меч, заедно со 7,4 асистенции, 4,8 скока и една „украдена“ по натпревар во лигашкиот дел од сезоната. Во плејофот имаше просек од 27,3 поени, 8,6 асистенции, 6,8 скока и 1,5 украдена топка по натпревар.

By Author