Дојдов, видов, победив, норвежанецот не сака да ја продолжи кариерата, сака да го живее животот со полни плуќи.
Норвешкиот скијач Лукас Бротен ги шокираше сите со тоа што реши да стави крај на кариерата на 23 години.
Актуелниот шампион на Светскиот куп во слалом минатата сезона победи на две трки во слалом и една во велеслалом, а веста за пензионирањето ја соопшти на прес-конференција во Зелден, каде во сабота почнува новата сезона на скијачки натпревари.
– Одам во пензија, завршив. Вчера ги информирав членовите на тимот. За прв пат по оваа одлука сум среќен, се чувствувам слободен. Благодарен сум за се што поминав во кариерата. За да продолжам да скијам во овој систем, морав, не само да ги оставам настрана моите соништа, туку и радоста на животот. Не сакам да го правам тоа – изјави Бротен.
Кариерата ја започна во 2018 година, а досега 12 пати бил на подиумот, додека пет пати бил прв.
– Нема такво чувство кога се спушташ и ја преминуваш целта и животниот напор да ја постигнеш и да го споделиш тој момент со навивачите кои дојдоа и врескаа со сета своја енергија и љубов. Тоа е нешто што многу ќе ми недостига. За мене спортот е забава, од кога дојдов се обидувам да приредам шоу и се гордеам со тоа што го покажав. Но, за мое добро, сега завршив“, рече Бротен.