Рано утрово, по наше време, се одржаа квалификациите.
Временската разлика меѓу Европа и Јапонија е преголема, точно седум часа. Затоа, не е чудно што рано утринава, по наше време, се одржаа квалификациите за Големата награда на Јапонија во Формула 1, а најдобар беше возачот на Ред Бул, Макс Вершапен.
Холанѓанецот денеска беше најдобар со резултат 1:28.877 минути, а два Мекларен ќе стартуваат утре наутро веднаш зад него.
Второто место го зазеде Оскар Пјастри од Мекларен со резултат за 0,581 секунди послаб од Верстапен, додека трет беше Ландо Норис со 0,616 секунди заостанување.
Четвртото место му припадна на Шарл Леклер од Ферари, петти Серхио Перез од Ред Бул, а шести Карлос Саинц од Ферари.
Седмата позиција му припадна на Луис Хамилтон (Мерцедес), осми Џорџ Расел (Мерцедес), деветти Јуки Цунода (Алфа Таури), а десетти Фернандо Алонсо (Астон Мартин).
Трката за Големата награда на Јапонија е на програмата во недела од 07:00 часот по наше време.