Натпреварот меѓу Милан и Верона започна со овации од навивачите на домашната екипа упатени до Златан Ибрахимовиќ, кој на крајот од сезоната ќе го напушти италијанскиот клуб.

Кореографијата на навивачите на Милан гласеше: „Збогум“, а беше упатена до фудбалерот Златан Ибрахимовиќ, кој одговори од клупата покажувајќи облик на срце со рацете.

Ибрахимовиќ се збогува со Милан откако во два наврати постигна 93 гола во 163 настапи за италијанскиот тим.

Ибрахимовиќ прво играше за Милан од 2010 до 2012 година, а потоа се врати во јануари 2020 година по две сезони во Лос Анџелес Галакси.

Со италијанскиот гигант освои три титули, еден државен Суперкуп и два Купа на шампиони на Италија, во 2011 и 2022 година.

Златан сезонава забележа само четири настапи, пред се поради проблеми со повреди, а во последно време се споменуваше дека кариерата би можел да ја продолжи во Монца.

И покрај бројните повреди неодамна, Ибрахимовиќ одби да се пензионира.

Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ досега постави многу рекорди, а неодамна стана најстариот стрелец во историјата на Серија А со 41 година и 166 дена.

By Author