Елена Рибакина, која годинава го освои Австралија Опен, а лани Вимблдон, се повлече непосредно пред мечот со Сорибес Тормо, кој без борба ќе оди во осминафиналето на Ролан Гарос.
Оваа вест предизвика голем шок, бидејќи претходните денови немаше шпекулации дека Рибакина има некакви проблеми.
Таа требаше прва да игра на главниот терен „Филип Шатрие“, но тоа не се случи бидејќи се разболела за време на турнирот.
Таа откри дека претходните два дена имала температура и не се чувствувала добро.