Рафаел Надал го пропушти омилениот турнир во кариерата Ролан Гарос поради повредата на колкот која го одвоји од терените од јануари, па сега реши да се позанимава со ова прашање.

Шпанскиот тенисер го оперирал мускулот на колкот во Барселона, каде засега нема многу информации за неговата состојба, а од болницата велат дека повеќе детали ќе бидат познати во текот на денот.

Надал пред неколку недели најави дека следната година ќе му биде последна во кариерата.

Потоа додаде дека би сакал да се врати на терените на крајот на годината и да игра на Дејвис купот во ноември, а потоа и на Австралија опен, а кариерата да ја заврши на Олимписките игри во Париз во август.

Сакам да играм на турнири кои ми се важни следната година, Олимписките игри секако се едно од тие натпреварувања, не знам дали ќе ми биде последно натпреварување во кариерата“, изјави неодамна Рафа. Од неговиот тим потврдиле дека во сабота ке соопштат повеќе детали за операцијата – изјави Надал.

Нема сомнеж дека претстојат тешки денови за Шпанецот, но и за сите негови фанови, кои со Надал се речиси две децении.

By Author