Баерн Минхен има сезона од пеколот.
Почетокот на сезоната за заборав беше кога отказно решение му се сервираше на тренерот Нагелсман и на негово место седна Томас Тухел, кој до сега баш и не се прослави, уште од тогаш соблекувалната се подели на кланови кои привремено се смирија со освојувањето на титулата.
Меѓутоа после бламажата во Купот дојде до нови тензии во соблекувалната на Минхен играчите сметат дека баш Тухел е виновен за поразот а Кимич е командант на незадоволните играчи од тактиките и пропустите во играта.
Тие го обвинуваат Тухел дека има омилени играчи како Кејн со кои само разговара додека другите ги запоставува.
Веќе во сабота Баварците ги очекува нов испит на кој Баварците им гостуват на најголемите ривали Дортмунд