Во текот на вчерашниот ден Македонија беше потресена од страшна вест, пронајдено е мртво девојчето Вања по кое се трагаше од 27.11.2023година. Исто така пронајдено е и телото на исчезнатиот велешанец по кој се трагаше од 22.11.2023година. Страшното е што двата настана ги извршиле истите лица од кој тројца се приведени и им е одредена мерка притвор, а еден е во бегство.

Од извршителите двајцата се сограѓани и познаници на убиениот велешанец. Исто така приведено е и четврто лице во полициска станица (таткото на малолетничката) под сомнение дека истиот учествува во организирање на грабнувањето.
Во денешната прес конференција на министерот за внатрешни работи и основниот јавен обвинител при ОЈО Скопје Гаврил Бубевски соопштија дека двата настани се поврзани еден со друг и направени се од користољубие.


    

  Истите објаснија дека најпрво е грабнат и убиен велешанецот со цел да му го одземат возилото и за да го сторат второто дело за кое би добиле финансиска надомест. Велешанецот бил избран како мета бидејки на еден од сторителите му бил сосед и познаник и истиот му долежел околу 500 евра финансиска надомест кој биле клучни за да го изберат него.
     Откако го сториле првото дело еден од сторителите бил во комуникација со таткото девојчето кој оддавал информации кога да биде денот на грабнување, дека девојчето ќе оди само на училиште, по што тие од самиот влез на зградата го киднапирале и се упатиле надвор од Скопје, според изјавите на прес конференцијата која се одржа утринава убиството на девојчето не било планирано, туку дека до истото дошло одкако еден од обвинетите увидел дека веќе е почната потрага од големи размери.
      Министерот и обвинителот откриваат дека организатор и реализатор на овие дела е истото лице кое во моментов е во бегство и се наоѓа надвор од територијата на Република Северна Македонија, односно највероватно истиот се наога во Р. Бугарија.

Сликите од осомничените веќе почнаа да кружат по социјалните медиуми како и местото на злосторството а јавноста бара најостри казни за нив.

https://twitter.com/ognjena0/status/1731459182253985952?t=_FB_suGF3DQrzj_Uf9TqVQ&s=19

https://twitter.com/toilet_paper10/status/1731600321103675493?t=IRHyCt-vHlKb9rguaMe1Tg&s=19

By Author