Црно-белите ќе имаат поддршка од своите навивачи и во Тел Авив.
Кошаркарите на Партизан вечерва ја отвораат сезоната во Евролигата, а противник е Макаби од Тел Авив. И на овој натпревар црно-белите ќе имаат голема поддршка од своите навивачи, а посебно внимание привлече еден детал.
Имено, навивачите на Партизан го истакнаа транспарентот Косово е Србија, а на трибината е забележано и знамето на Израел Гробари.
Избраниците на Жељко Обрадовиќ ја бркаат првата победа, додека „Гордоста на Израел“ има кадровски проблеми. Познато е дека Вејд Болдвин нема да биде на вечерашниот меч, а под знак прашалник е и Џош Ниебо.
Натпреварот помеѓу Макаби и Партизан започнува во 20:05 часот.
Извор: Телеграф.рс