Одлични натпревари на отворањето на второто коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

Пресврт, пенал и спектакуларна победа на Реал во второто коло од групата Ц во Лигата на шампионите со 3:2, Белингем е во класа сама, се играше атомски фудбал во Неапол.

Какво лудило во Италија! Каков натпревар ни приуштија Наполи и Реал Мадрид со неколку голови кои можат да конкурираат за наградата за најдобар во сезоната во Лигата на шампионите. По одлични 90 минути некој мораше да го напушти теренот со кренати раце, а на крајот тоа беа Кралевите кој го преживеа пеколот на стадионот „Диего Армандо Марадона“ и победија – 2:3 (1:2)!

Јунајтед понекогаш е сив, понекогаш жолт. Но, главно е восива боја. Нов пораз за ѓаволите, овојпат иако тимот од Манчестер двапати водеше против Галатасарај. За жал, и тоа не беше доволно – 2:3 (1:1).

Младиот Хојлунд ги крена навивачите на „Олд Трафорд“ со прекрасен гол во 17. минута, но потоа следеше гол на Заха само шест минути подоцна, а Вилфрид ја „испровоцира“ публиката прославувајќи го погодокот малку несериозно.

Повторно Хојлунд го крена стадионот на Јунајтед на нозе во 67. минута, за само четири минути подоцна да започне потопот на овој клуб. Актуркоглу погоди прв, а Касемиро го закопа својот тим со кардинална грешка.

Направи прекршок во шеснаесетникот вреден втор жолт картон и пенал за Галатасарај.

Икарди од трагичар до херој на мечот, во 77. минута шутираше пенал и на општ шок кај сите – промаши!

Но, таа малку среќа траеше само три минути за ѓаволите. Повторно Икарди и Онана ги играа главните улоги, но овој пат како победник излезе играчот на Галатасарај. За три бода и триумф на Олд Трафорд.

Во моментот се чинеше дека Копенхаген ќе направи изненадување против Баерн Минхен, но на крајот баварскиот тим ја „преживеа“ гилотина – 1:2 (0:0)!

Шокови и на северот на Франција! Арсенал беше поразен од Ленс, кој постигна историски резултат во Лигата на шампионите по пресвртот против Топџиите – 2:1 (1:1)!

Се чинеше дека се ќе биде како што треба за тимот од Лондон, Сака и Хесус по една убава акција им донесоа водство на Топџиите, но само 11 минути подоцна во 25. минута Томасон ја анулираше негативата по двојното додавање со Вахи.

Вахи повторно беше во центарот на вниманието во вториот дел, овојпат како стрелец и повторно по двојно додавање. Тој тогаш соработуваше со Франковски, па навивачите во овој мал град на северот на Франција ќе има многу за славење вечерва. Пабовите ќе мора да го продолжат работното време.

ЛШ, 2. коло – резултати од натпреварите одиграни во вторник

Група А:
Копенхаген – Баерн Минхен 1:2 (0:0)
(Лерагер 56 – Мусијала 67, Тиел 83′)
Манчестер Јунајтед – Галатасарај 2:3 (1:1)
(Хојлунд 17′, 67 – Заха 23′, Актуркоглу 71′, Икарди 81)

Група Б:
Ленс – Арсенал 2:1 (1:1)
(Томасон 25′, Вахи 69′ – Хезуз 14′)
ПСВ – Севиља 2:2 (0:0)
(Де Јонг 87′(п), Тесе 90+6′ – Гудељ 68, Ен Нејсири 88′)

Група Ц:
Унион Берлин – Брага 2:3 (2:1)
(Бекер 30, 37 – Ниакате 41, Брума 51, Кастро 90+4)
Наполи – Реал Мадрид 2:3 (1:2)
(Остигард 19′, Зиелнски 54′(п) – Винисиус Јуниор 27′, Белингем 34′, Валверде 78′)

Група Д:
Интер – Бенфика 1:0 (0:0)
(Тирам 62)
Салцбург – Реал Сосиедад 0:2 (0:2)
(Ојарзабал 7, Мендез 27)

By Author