Фудбалерот на ПСЖ кој изражи желба да си замине изгледа се предомисли, сакам да си одам, неодам, играм, неиграм…..
Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе ја одбил понудата на менаџерот на клубот од 40 милиони евра за раскин на договорот со францускиот шампион до 1 август, пренесува „RMC“.

Мбапе има договор со Пари Сен Жермен до јуни следната година, а неодамна изјави дека не сака да ја продолжи соработката со францускиот шампион до јуни 2025 година.

Тој најави дека ќе го одработи договорот со „светците“ до 30 јуни 2024 година и додаде дека не сака да го напушти ПСЖ во текот на летниот преоден рок.

ПСЖ сака да го продаде Мбапе по секоја цена до крајот на преодниот рок за да не го остане францускиот шампион следната година без обештетување.

Сепак, Французинот не сака да си замине од ПСЖ, бидејќи ќе добие бонус до 80 милиони евра доколку и понатаму биде член на клубот од Париз на 1 август годинава. Сопствениците на ПСЖ затоа му понудија на Мбапе 40 милиони евра за фудбалерот да се откаже од оваа клаузула и да се согласи да биде продаден со соодветна отштета, најверојатно на Реал Мадрид.

Францускиот репрезентативец очекува да добие бонус за потпишување договор со нов клуб, бидејќи следната година во тој тим би пристигнал без обештетување. Затоа е подготвен да игра за ПСЖ следната сезона, дури и ако биде изоставен од првиот тим.

By Author