Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Вимблдон, откако во тај-брејк го доби решавачкиот сет против Стен Вавринка.

Новак Ѓоковиќ вчера го победи Стен Вавринка во полициски час во третото коло на Вимблдон и избегна денеска да се врати на теренот, па сега има уште доста време за регенерација за средбата со Хуберт Хуркач од Полска, која е закажана за в недела.

Се доби впечаток дека може полесно против Швајцарецот, кој имаше дури 5:3 во тој 13-ти гем, но Ѓоковиќ не дозволи мечот да оди во следниот ден.

Со тоа, Ѓоковиќ се изедначи со Пит Сампрас (1994), како единствен играч кој освоил 12 последователни тај-брејка на Грен слем турнирите во опен ерата во една година.

Тоа беше 31-ва последователна победа на Ѓоковиќ во Лондон (и таму се изедначи со Сампрас), а повеќе имаат само Роџер Федерер (40) и Бјорн Борг (41).

Тој ќе има можност да го подобри балансот во следната рунда на третиот Грен слем сезонава, каде ривал ќе му биде Хуберт Хуркач.

Постојат сите шанси тоа да го направи со оглед на тоа што против него ги има сите пет победи во меѓусебните дуели, од кои едната беше на Вимблдон пред четири години.

By Author