Тие се заедно уште од школските денови

Лука Дончиќ наскоро ќе „застане на лудиот камен“. Словенечкиот кошаркар ја запроси својата долгогодишна девојка Анамарија Голтеш.

Суперѕвездата на Далас го објави моментот на запросувањето на својот Инстаграм профил.

Симболично, НБА ѕвездата го направи тоа на 7.7. токму на годишнината од нивната врска, а тоа е и бројот 77 кој го носи на дресот на Далас Маверикс.

Лука и Анамарија се познаваат од 12-годишна возраст, кога нивните семејства се запознале во Хрватска на одмор, а врската ја започнале неколку години подоцна.

Двајцата се заедно уште од школските денови и сега очигледно дојде време љубовта да ја крунисаат со брак, но пред тоа мораше да купи веренички прстен.

Анамарија извесен период се занимаваше со танцување, работеше и како фитнес инструкторка, а сега се занимава и со манекенство. Завршила економија во Љубљана, а набргу потоа станала модел и била на насловните страници на некои од најпознатите светски магазини.

Многумина ја следат на социјалните мрежи, па на Инстаграм има над 170.000 следбеници.

Меѓу првите кои му честитаа на Лука беа Леброн Џејмс, Боби Марјановиќ, Мина Недовиќ, Мајкл Бриџис, Тејлор Лотнер и неговите соиграчи од Далас.

Дончиќ моментално е на одмор со својата свршеница, а наскоро би требало да започне со подготовките за Мундобаскетот каде ќе биде предводник на словенечката репрезентација.

By Author