Траума за црвените е прослава за Мадрид, Наполитанците ја потврдија одличната форма

Вечерашното осминафинале во Лигата на шампионите овозможи два меча за паметење – Реал Мадрид по 15 минути игра губеше со 0:2 на гостувањето кај Ливерпул, за на крајот од мечот да слави со неверојатни 5:2!

Ливерпул од овој пораз има само една потемна точка во историјата на европските натпреварувања, а тоа е поразот од Ајакс со 5:1 пред повеќе од пет децении.

Кога некој би ги гледал само првите 15 минути од овој меч, би заклучил дека Реал оди кон кам-бек, особено поради прекрасниот гол на „црвените“ и катастрофалната грешка на Тиб Куртоа, но… Како што можеме да видиме .

Се започна во четвртата минута со прекрасниот гол на урагваецот Дарвин Нуњез, кој дефинитивно ќе се најде на шпиците . Целата акција се одвиваше по десната страна, каде Реал успеа да го потисне првиот напад, но веќе во вториот топката ја прими Мохамед Салах, кој некаде од десниот агол на шеснаесетникот ја нафрли и го активира Нуњез, кој прекрасно го смени правецот со пета и удри во мрежата.

Потоа во 14. минута се случи грешка каква што ретко се гледа, особено од класата на голман како Тибо Куртоа. Повратното додавање се обиде да го контролира со градите, за малку ќе го спушти на земја, но тој беше повеќе фокусиран да види каде е Салах, кој демнеше шанса – и ја исполни. Топката се одби од ногата на чуварот на мрежата, а потоа тој самиот се лизна, само за Египјанецот со еден допир да ја турне топката покрај него. Мадриѓаните беа во навистина лоша состојба во првите 15 минути.

А потоа дојде будењето. Не само будење, туку менување на секој сегмент од негативната игра.

Во 21. минута Винисиус го намалува водството на домашните и спречи слободен пад на Мадрид. На петерецот на некои 13-14 метри играше со Бензема и шутираше покрај Гомез во долниот десен агол, а ни Алисон немаше шанса да го спречи овој гол.

Во 36. минута сите се прашуваа што се случува со голманите, бидејќи Алисон направи пионерска грешка на другиот крај. Бразилецот наместо да ја отстрани опасноста, шутира директно во Винисиус, кој му попречи и од тој блок топката го фаќа патот на лобот и завршува зад неговиот грб.

Тоа беше се за првото полувремеи на паузата се отиде со 2:2 , без да звучи скромно, бидејќи тогаш се случи фантастичен пресврт кој ќе се памети.

Во 48. минута Лука Модриќ извонредно изведе скратен корнер и практично биеше со глава на Едер Милитао, кој при удар со глава ја затресе мрежата на првата статива.

Се продолжи со головите на Карим Бензема во 55. и 67. минута, а ниту ударите на Ливерпул во продолжението не помогнаа ни малку да се намали оваа збрка.

Клоп се обиде со некои измени да го промени текот на играта, но тоа не се случи и Реал без поголеми проблеми ја одржуваше предноста од три гола.

Реваншот во Мадрид се игра на 15 март, а Ливерпул ќе има многу тешка задача доколку сака да се пласира во четврт-финалето.

Наполи на гости заврши фер работа против Ајнтрахт и победи со 2:0, иако можеше да биде многу поубедлив.

By Author