Тие заедно го прославија роденденот на Антонела

Во понеделникот вечерта „закопчана до грло“ таа воодушеви со својот „стајлинг“ на доделувањето на ФИФА наградите, а само ден претходно Антонела Рокуцо, сопругата на Лионел Меси, полугола уживаше на снегот за својот 35-ти роденден.

Таа беше облечена во розова танга, придружувана од сопругата на Сеск Фабрегас – Данијела Симан, додека нивните деца со нив уживаа во топлата вода на базенот.

Данијела само што сподели видео на својот Инстаграм профил на кое се гледа како таа и Антонела ја напуштаат топлата вода и влегуваат во снегот покрај неа, со порака: „Наздравуваме за живот полн со среќа и здравје“.

Недолго по прославата, само еден ден подоцна, Антонела беше во друштво на својот сопруг, кој ја доби споменатата награда за најдобар играч во 2022 година во Париз, градот во кој живеат.

By Author