Нов инцидент на фудбалските терени.

Реванш натпреварот од третото коло од квалификациите за Конференциската лига, Марибор – Фенербахче беше прекинат во 67. минута.

Во 67. минута судијата мораше да ги испрати играчите на двата тима во соблекувалната кога дојде до тепачка меѓу домашните и гостинските навивачи на теренот!

Според првите информации дошло до тепачка меѓу групи навивачи кои упаднале на теренот од трибините.

Во моментот на паузата турскиот тим водеше на стадионот Људски врт со голот на Кахвеци во 17. минута за 1:0.

Фенербахче од првиот меч имаше предност од 3:1.

By Author