Во недела од 22:30 часот во финалето на Мастерсот во Синсинати ќе ги одмерат силите Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз.

Српскиот тенисер до финалето не загуби сет, додека Алкараз имаше потешкотии на секој меч, па мина многу повеќе време на теренот.

Со Карлос досега се сретнал вкупно три пати, а резултатот е 2:1 за Шпанецот. Новак славеше во полуфиналето на Ролан Гарос, додека Алкараз годинава победи на натпреварите на Вимблдон, како и лани во Мадрид во полуфиналето.

Ѓоковиќ во Синсинати ја брка 39. Мастерс титула во кариерата.

Долги редици пред стадионот
Сите сакаат да ги видат тениските мајстори на дело, трибините ќе бидат преполни.

By Author