Европската фудбалска унија (УЕФА) денеска соопшти дека ја исфрлила Осасуна од Конференциската лига, во која шпанскиот клуб требаше да почне да игра од плејоф рундата.
Клубот од Памплона ја потврди веста на својата официјална веб-страница и објасни дека казната е изречена поради вмешаност на клубот во местење натпревари во сезоната 2013/2014. Во Осасуна сметаат дека казната е престрога и неоправдана и најавуваат жалба на оваа одлука.
Доколку таа жалба биде одбиена, а речиси е сигурно дека, според шпанските медиуми, таа земја во плеј-офот на Конференциската лига ќе ја претставува Атлетик Билбао, кој во претходниот шампионат беше осми, едно место подолу од Осасуна.