Две лица загинаа во експлозијата што денеска околу 13 часот и 30 минути се случи на улицата Загребачка во Дуги Село. Третото лице е тешко повредено и оперирано во КБ Дубрава.

Експлозијата се случила во приземјето на домот за стари лица, при што загинале 85-годишен маж и 81-годишна жена, додека 79-годишен маж е тешко повреден. Докторот Кристијан Ќупурдија рече дека се работи за тешки повреди на абдоменот и долните екстремитети.

Како што пишува Јутарњи лист, 85-годишниот старец активирал рачна бомба во кујната на приземјето од куќата, каде во моментот се наоѓале три лица.

Мажот (85) кој ја активирал бомбата е од населба на нешто повеќе од десет километри од Нови Мароф, додека 79-годишната жена е од место во околината на Крапина. Полицијата овој настан го третира како убиство-самоубиство. Полицијата на местото на настанот пронашла страшна сцена, пренесува Јутарњи лист.

„Ова беше една од најболните интервенции што се случија на нашите простори. Глетката беше ужасна“, изјави полицискиот командир за Дуго Село, Жељко Ременар и додаде дека истрагата најверојатно ќе трае до доцните ноќни часови.

Градоначалникот Ненад Паниан, кој живее во населбата, за новинарите изјави дека во објектот живееле вкупно пет лица. Останатите двајца се згрижени од социјалните служби. За нелегалното оружје, Паниан рече дека во Дуго Село „има многу жители од војната“. Тој рече дека е премногу лесно да се дојде до оружје и дека „менталната ситуација во светот по корона и војната е поинаква“.

Според неофицијални информации, 85-годишниот пензионер од некаде ја донел со себе експлозивната направа, чии останки допрва треба да се утврдат со вештачење.

By Author