Невреме со обилни врнежи пристигна од Италија, кое денеска го зафати јадранското крајбрежје на Словенија и западниот дел на земјата, се движи кон централниот дел на таа земја, а невремето и големите количини на врнежи предизвикаа бројни потешкотии во Истра, но и во главниот град Љубљана.

Налетите на силниот ветер ги откорнаа покривите на стадионот и училиштето во Копер, пренесе агенцијата СТА.

Поради дождот на плоштадот Прешерен во Копер имаше 30 сантиметри вода.

Според податоците на Агенцијата за животна средина (Арсо), денеска до 15 часот и 30 минути на мерното место Копар наврнале 173 милиметри дожд.

Од полициската управа Копер потврдија дека во реонот на пристаништето Копер бил погоден од гром пожарникар, кој на лице место успешно бил реанимиран, а потоа префрлен во Општата болница Изола. Детали за неговата здравствена состојба се уште не се познати.

Врнежи се предвидуваат во вечерните часови и утре претпладне, соопшти Регионалниот центар за цивилна заштита.

Во Љубљана водата поплави некои куќи и патишта, а се следи и растот на Градашчица, која веќе се излеа при невреме на почетокот на август.

Најмалку осум покриви на станбени куќи се урнаа во Падна, а штета е причинета и во селото Св. Петар, според податоците на цивилната заштита.

Велики трг беше поплавен во Изола, а обилните дождови ги поплавија пониските делови на градот, пишува СТА.

By Author