Рашко-призренската епархија со соопштение наведува дека група вооружени маскирани лица со оклопно возило упаднале во манастирот Бањска.

„Епархијата изразува искрено сочувство до членовите на семејството на починатиот полицаец и искрено се надева дека двајцата ранети ќе закрепнат што е можно поскоро. Епархијата е многу загрижена бидејќи според последните информации група вооружени, маскирани лица влегле во манастир со оклопно возило, при што упаднале во заклучената порта на манастирот.Во моментов во манастирот има група верници од Нови Сад, со свештеник игумен Данило и браќата од манастирот. браќата од манастирот и верниците се затворија во конакот, а заклучен е и храмот на манастирот. Вооружени маскирани лица се движат низ дворот и повремено се слушаат истрели“, се вели во соопштението.

Епархијата најостро го осудува отвореното насилство што се применува во верскиот објект на СПЦ, повикувајќи ги сите страни што поскоро да го прекинат конфликтот.

By Author