Новак Ѓоковиќ успеа да влезе во историјата освојувајќи го Ролан Гарос, неговиот 23. Грен слем турнир, со што го освои вториот голем турнир во оваа 2023 година по Австралија Опен. Следува Вимблдон кој на некој начин покажа непочитување кон српскиот тенисер.
Лани го освои Вимблдон, а годинава практично стана „GOAT“, но и тоа не е доволно водечките луѓе малку повеќе да му обратат внимание на српскиот шампион.
Ѓоковиќ моментално е прв на АТП листата, но и покрај тоа стана „GOAT“, бидејќи веќе нема категорија во која може да се споредува со кој било друг, па макар тоа се Рафаел Надал и Роџер Федерер.
Сепак, престижниот Вимблдон не мисли така. Тие на својата веб-страница објавија промотивно видео како најава за овој турнир, а на него доминираат Рафаел Надал и Роџер Федерер, кои нема ни да учествуваат на турнирот.
Тука се и Бјорн Борг, Џим Конорс, како и Карлос Алкараз.
Новак доби само една секунда и тоа само затоа што е актуелен шампион.
Сепак, тоа не е се, бидејќи не доби место ниту на билбордот.