На повидок уште еден мега трансфер на Блискиот Исток.
Шпанскиот голман Давид де Хеа би можел да ја продолжи кариерата во фудбалскиот клуб Ал Етифак од Саудиска Арабија, пренесува британски „Сан“.

Искусниот 33-годишен голман моментално е без договор, бидејќи неговиот договор со Манчестер Јунајтед истекуваше на крајот од сезоната. Челниците на „црвените ѓаволи“ не сакаа да го продолжат договорот со Де Хеа, кој се уште не успеал да најде нов клуб.

Тренер на тимот на Ал Етифак е поранешниот играч на Ливерпул, Стивен Џерард, кој планира да го ангажира Шпанецот. Британските медиуми пренесуваат дека преговорите меѓу двете страни се во тек, а поранешниот голман на Атлетико Мадрид е подготвен да се сврти кон други клубови доколку не се договори со споменатиот клуб.

Давид де Хеа ја одбил понудата на Ал Наср кој му понудил месечна плата од два милиони евра.

Британските медиуми потсетуваат дека тој покрај клубови од Саудиска Арабија има понуди и од Атлетико Мадрид, Валенсија, Бетис и неколку екипи од МЛС. За шпанската репрезентација бранеше на 45 натпревари.

By Author