Тениската репрезентација на Италија го освои Дејвис купот. „Азурите“ во финалето ја победија Австралија со 2:0 и со тоа по 47 години го освоија трофејот во ова натпреварување.

Ова е втор трофеј за Италија, прв од 1976 година. „Кенгурите“ останаа на 28 пехари, последен го освоија во 2003 година, а ова е нивни 21. пораз во финалето.

Титулата на селекцијата предводена од Филипо Воландри од клупата и ја донесе четвртиот тенисер во светот Јаник Синер кој со 6:3, 6:0 го совлада Алекс де Минор.

Пред него првиот бод за „аѕурите“ го донесе Матео Арналди, кој по голема борба го совлада Алексеј Попирин.

Дублот нема да се игра со оглед на тоа што тој меч немаше да има никакво значење бидејќи европската селекција реши се во двата сингл меча.

Италија до титулата светски шампион во тенис ја предводеа: Јаник Синер, Лоренцо Музети, Матео Арналди, Лопренко Сонего и Симоне Болели.

By Author