Во гаснењето на пожарот учествуваат пет авиони и четири хеликоптери.

На грчкиот остров Хиос, кој се наоѓа во Егејското Море во близина на територијата на Турција, синоќа избувна пожар во шумска област недалеку од селото Катавасис, северозападно од градот Хиос. Пожарот набрзо добил големи размери.

Околу еден час по полноќ, на жителите на селата Диејка и Катавасис им била испратена порака да се евакуираат во Волисос, јави грчката државна телевизија ЕПТ, јави Танјуг.

Во раните утрински часови во гаснењето на пожарот учествуваа пет авиони и четири хеликоптери, од кои едниот се користи за координација на операциите за гаснење на пожарите.

На терен се вкупно 90 пожарникари, од кои 10 пожарникари пристигнаа со брод од островот Лезбос и 27 пожарникари кои пристигнаа со авион од Атина, поддржани од 18 противпожарни возила.

Според грчката телевизија, позитивно е тоа што престанал силниот ветер, што им ја олеснило работата на противпожарните единици.

By Author