Граѓаните случајно го снимиле моментот на катастрофалната експлозија

Наредена е евакуација во близина на градот Неа Анџалос, во близина на Волос во централниот дел на Грција, кој беше зафатен од пожар што предизвика експлозија во складиште за муниција, изјави портпаролот на противпожарната служба.

„Дел од складиштето за муниција на касарната на воздухопловните сили во Неа Агиалос е во пламен и се слушаат експлозии“, изјави портпаролот Јанис Артопиос. Тој додаде дека во тој реон седум авиони и три хеликоптери го гаснат пожарот што гори од вчера.

Жителите на Неа Анџалос и регионот на Волос од вчера стравуваат за своите животи, бидејќи пожарите беснеат во оваа област на Грција. Ситуацијата денеска стана уште полоша, бидејќи нешто пред 18:00 часот по локално време експлодираше складиште за воена муниција, лоцирано во областа Карамба.

Континуираните експлозии ги искршиле прозорците на бројни згради во непосредната и подалечната околина, а ударниот бран кој стигнал до Волос принудил многу жители во паника да ги напуштат домовите.

Случајни минувачи, кои го снимале пожарот кој беснее во близина на Неа Анџалос, случајно го снимиле моментот на експлозијата.

Во драматичното видео можете да видите како прво се слуша мала експлозија, а потоа се почнало да се тресе и огромна огнена печурка пука кон небото.

Жителите на областа биле известени да се евакуираат од областа на експлозијата, на оддалеченост од три километри. Полицијата буквално одеше од врата до врата повикувајќи ги граѓаните да го напуштат просторот, по што голем број граѓани се упатија кон чамците.

Беше наредена итна евакуација на областа, па мајките со бебиња во раце во чамци избегаа на отворено море за да си ги спасат животите.

Како што пренесуваат медиумите, жителите на Стоупи, Веланидија, Маратос, Критарија, Сорос, Криси Акти Панагии и Агиос Георгии биле известени да ги евакуираат населбите и да се упатат кон Волос.

Во исто време, жителите на Неа Анџалос биле известени да се евакуираат и да се упатат кон Алмирос.

By Author