Нови пожари на островите Евија и Крф, властите наредија евакуација на жителите: Кошмарот во Грција продолжува, на Крф наредена евакуација на пет населени места

Наредена е евакуација на населбите Портес, Мегула, Симиес, Палеа Перитија и Сага во Касиопе

Во тек се напори за гаснење на пожарот што избувна претходно во областа Перитија на Крф, јавува protothema.gr.

Како што јавува ТВ Крф, на терен се пожарникари и цивилна заштита на општина Северен Крф.

Противпожарните единици вложуваат максимални напори пожарот да се стави под контрола, иако два пожари, според досегашните сознанија, избегнале да изгорат дрвја и трева во стара Перитија.

Во пожарот што избувна на северот на Крф, дадена е наредба да се евакуираат населбите Портес, Мегула, Симиес, Палеа Перитија и Сага во Касиопе.

Заменик-гувернерот на централна Грција Јоргос Келаидитис изјави за државната новинска агенција АНА-МПА дека ситуацијата е страшна

Грчките локални власти на островот Евија им порачаа на жителите на селата Ливади, Потами, Пернараки, Патанистос, на јужниот дел на островот, да се евакуираат во градот Каристос на запад, а оние во Кастро да се евакуираат во градот Католико, бидејќи избувна нов, голем пожар на отворено.

Заменик-гувернерот на Централна Грција, Јоргос Келаидитис, изјави за државната новинска агенција АНА-МПА дека ситуацијата е страшна.

Пожарот е на два километри, но силен ветер, вегетацијата ниска, чадот густ и тешко се дише во такви услови“, изјави Келаидитис, пренесе „Катимерини“.

Инаку, во тек е најголемата евакуација во историјата на Грција поради пожарот на Родос.

By Author