Тренерот на Рома нема многу добри резултати во претходниот период, доколку продолжат во истото темпо ова може да биде налоша сезона за специјалниот.

Фудбалскиот тренер на Рома, Жозе Мурињо на прес-конференцијата пред натпреварот со Фросиноне изјави дека во наредниот период очекува повеќе од сите во тимот.

Рома моментално се наоѓа на 16. место на табелата во Серија А, со една победа од шест натпревари.

– Сакаме и мора да победиме. Не смееме повеќе да бараме алиби. Бод од првите три кола е учинок кој изврши притисок врз многу играчи. Мислев дека со победите над Емполи и Шериф го симнавме товарот од плеќите, но тоа не се случи – изјави Мурињо.

Тој додава дека тој, но и играчите се одговорни за лошите игри кои ги пружа Рома.

– Очекувам повеќе од играчите, но и од себе. Кога ќе примите два гола од прекин, тренирам на овие ситуации. Очекувам повеќе од сите. Има емпатија за овие момци, тие се мои пријатели, а јас сум нивен пријател. Тоа е вид на врска што е бесценета. Тренерот е секогаш сам во тешки ситуации, но не со моите играчи – заврши Мурињо.

By Author