Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 887тестови, а регистрирани се 75 нови случаи на КОВИД-19, 99 оздравени пациенти и нема починати лица.

Од вкупниот број новозаразени,  21 се реинфекција

.Во текот на изминатите 24 часа  нема починати лица, а исто така не се регистрирани во Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“.

Вкупниот број на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата е  342 323од направени 2 163 701 тестирања. Оздравени се  332 150 пациенти, починале 9524, а активни случаи има  649.

By Author