Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 704 тестови, а регистрирани се 57 нови случаи на КОВИД-19, 90 оздравени пациенти и не се регистрирани починати лица. 

Од вкупниот број на позитивни (57), регистрирани се 12 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа,  не се регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се регистрирани 2 починати лица од Скопје (85г) и Битола (60г), лицата се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 20.08-14.09.2022

Досега во земјата се направени вкупно 2.165.180 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.469, бројот на оздравени пациенти е 332.319, на починати е 9.526 а бројот на активни случаи изнесува 624.

By Author