Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 16.09 до 18.09.2022): Направени се 1.216 тестови, а регистрирани се 173 нови случаи на КОВИД-19, 186 оздравени пациенти и  3 починати лица се пријавени.

Од вкупниот број на позитивни (173),регистриранисе 46 реинфекции.

Во текот на изминатите 3 дена (16.09 – 18.09.2022)пријавенисе 3 починати лица,по едно лице од Скопје (69г), Валандово (75г) и Охрид (79г). Лицата сепочинати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.162.814 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот наепидемијата изнесува 342.248, бројот на оздравени пациенти е 332.051, на починатие 9.524, а бројот на активни случаи изнесува 673.

By Author