Како што информираат од Министерството за здравство, регистрирани се 68 нови случаи на КОВИД-19 од направени 659 тестирања во последните 24 часа, оздравени се 40 пациенти, а пријавени се тројца починати.

Од вкупниот број на позитивни (68), регистрирани се 20 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирано е едно починато лице од Скопје (83 години), починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“, се регистрирани две починати лица од Битола (81г) и Прилеп (71г), починати во болнички услови. Починатите се пријавени во период од 18 до 28.09.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.181.930 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 344.031, бројот на оздравени пациенти е 334.202, на починати е 9.564, а бројот на активни случаи изнесува 265.

By Author