Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 543 тестови, а регистрирани се 44 нови случаи со КОВИД-19 и 47 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, не се  регистрирани починати. Согласно, регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се  регистрирани починати, соопшти Министерството за здравство.

Од вкупниот број на позитивни (44), регистрирани се 13 реинфекции.

Досега во земјата се направени вкупно 2.182.473 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 344.075, бројот на оздравени пациенти е 334.249, на починати е 9.564, а бројот на активни случаи изнесува 262.

By Author