Фудбалерот на Лацио Чиро Имобиле по вторпат е позитивен на корона вирус како што наведуваат италијанските медиуми.

Италијанскиот напаѓач бил во самоизолација поради неговата сопруга Џесика која била позитивна, па го пропуштил натпреварот во Серија А со Џенова 3:1.

Како што наведуваат, 31-годишниот фудбалер потоа добил позитивентест и сега ќе мора да паузира најмалкаудве недели.

Имобиле првпат бил позитивен на корона вирусот пред нешто повеќе од година дена.

Италијанскиот репрезантативец оваа сезона е доста ефикасен на 21 натпревар во Серија А и Лига европа има постигнато 16 гола.

Лацио моментално е на осмото место во Серија А со 28 бодови, додека во Лига Европа го освоија второто место и сега во 1/16 финалето ќе играат со Порто.

Ова е прилика пред зимската пауза Влахович да ја зголеми разликата во постигнати голови на листата на стрелци сезонава.

Влахович има 16 гола постигнато, Имобиле 13.

By Author