Британскиот тенисер Енди Мареј добил отворена покана за првиот гренд слем наредната година, Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн рекол Крег Тајли.

“Енди е познат по натпреварувачкиот дух, страста и љубовта према играта. Среќен сум што можеме повторно во Мелбурн да му посакаме добредојде” рекол Тајли.

Австралија опен ќе се одржи од 17 до 30 јануар во Мелбурн.

Некогашниот прв тенисер на светот се заблагодарил на поканата.

“Едвај чекам да се вратам на Австралија опен и благодарен сум му на Крег и на неговиот тим за приликата” кажал Мареј.

Мареј е трострук гренд слем шампион, но титула од Мебурн нема, иако пет пати има играно во финале(2008-2010-2011-2015 и 2016).

By Author