Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација Златко Далиќ го шокираше светот.
Тој одби да учествува во гласањето за најдобар играч на планетата организирано од ФИФА, а потоа во писмото кое преку Хрватскиот фудбалски сојуз го подели до јавноста призна дека намерно не гласал.
– Разочаран сум од односот на ФИФА кон хрватската репрезентација бидејќи верувам дека заслужуваме поголема почит за резултатите што ги постигнавме во последните години. Ние сме единствената репрезентација која лани беше меѓу четирите најдобри на Светското првенство и најдобрите четири во Лигата на нации – рече Далиќ, а потоа продолжи:
– Меѓу петте предложени тренери кои многу ги ценам се тројца селектори, но ниту еден од нив не беше на завршниот турнир од Лигата на нации и медал на Светското првенство. Со голема почит за успехот на Мароко и нивниот селектор, Хрватска на два меча има нерешено и победа во играта за бронзениот медал.
– Тој исто така додаде дека само Модриќ бил на листата од 14 кандидати за најдобар играч на светот, па се запрашал каде се Матео Ковачиќ и Јошко Гвардиол или зошто Доминик Ливаковиќ не е ниту меѓу петте кандидати за најдобар голман на светот. .