Нагетс ја освоија историската титула, прва досега, откако во петтиот меч го совладаа Мајами!

Кошаркарите на Денвер и Мајами од 02:30 часот го одиграа петтиот натпревар од финалната серија на НБА лигата, и последен!

Денвер водеше со 3:1, по тие два големи триумфи на гостински терен, а со на новата победа и официјално стана шампион на НБА лигата. Ова беше прва меч топка за Никола Јокиќ и Нагетс, кои беа на една победа од историјата и влегуваат во вечноста.

Кошаркарите на Денвер ги совладаа Мајами Хит во петтиот натпревар од големото НБА финале и со тоа станаа шампиони во НБА за прв пат во историјата на франшизата!

Во петтиот меч екипата на Колорадо го победи Мајами со 94:89, вкупни 4:1 во серија, а Јокиќ овој меч го заврши со дабл дабл 28 поени и 16 скока.

Натпреварот, кој дефинитивно беше најлош во оваа финална серија, истовремено беше и најневеројатниот, а се беше решено во последните 60 секунди во кои Кентавиус Калдвел – Поуп и Брус Браун ги погодија слободните фрлања. Сепак, Браун имаше неверојатен скок и поени за 90:89.

ДЕНВЕР – МАЈАМИ 94:89 (22:24, 22:27, 26:20, 24:18)

By Author