Големиот шумски пожар во месноста Рајиќ кај Новска се уште е активен, а 40 припадници на локалните противпожарни бригади го гаснат, јавија денеска хрватските медиуми.
Распореден е и хеликоптер со MTV Mi8 апарат за гаснење, известија од Хрватската противпожарна бригада, пренесува Index.hr.
На терен се 40 пожарникари со 12 противпожарни возила, а во гаснењето учествуваат и членови на Шумската служба.
– Пожарот зафати дабова шума на површина од 15,7 хектари. Противпожарната интервенција е во тек, а се работи за млада шума и непристапен терен со многу карпи, па во гаснењето на пожарот се вклучи и воздухопловството.
Пожарот го имаме под контрола и работиме на негово локализирање – изјавил главниот командант на пожарникарите Славко Туцаковиќ.