Години наназад ако погледнеме во трката за влез во европската унија нашата држава, Македонија исполнува нечии услови а со тоа изгуби многу во замена за ништо или поточно датум за датум на датум за преговори.

Нов договор нов спектакл од француска страна и секако на штета на Македонија на кого друг. Со најновиот предлог на Макрон кој е само нова варјанта на мегаломанските апетити на Бугарија, Макрон нуди предлог но не дава гаранција за почеток на преговорите.

Најпрво нашиот јужен сосед Грција која патем речено е многу понова држава не спречуваше на патот кон ЕУ, а Европа тоа го дозволлуваше и ја подржуваше.Ветуваше дека кога ќе се реши спорот со Грција ќе се започнат преговорите за влез во ЕУ што не се случи.

Со Грција го решивме спорот со Преспанскиот договор нормално на наша штета.

Оние од постарите генерации се сеќаваат кога во Грција не дозволуваа да се спомне ништо македонско не признаваа дека има македонци во нивната држава, забранет беше мајчиниот јазик на македонското население во Егејска Македонија. Ете тие наеднаш се сетија дека они го имаат правото на нашето име.

Го потпишаа Преспанскиот договор го сменивме името, нешто свето за една држава, но од ветувањата на Европа не добивме ништо освен ново вето од друг наш сосед Бугарија.

Бугарија ја сака нашата историја навлегува во нашиот идентитет, јазик и повторно преговори, а Европа повторно ветува но ништо конкретно, нема е и повторно ја притиска Македонија.

Најновиот предлог на Макрон е полош и од договорот за добрососедство што го потпиша владата со Бугарија.

Во целато ова патешествие кон ЕУ Македонија се откажува од нешто свое и дали навистина вреди целта кон кон која се стремиме за сите овие откажувања.

Политичарите не убедуваат дека тоа е добар договор, но дали навистина е добар договор или само поединци се грижат за себеси,на грбот и по цена на една држава и народ и дали Европа гарантира дека некоја трета држава нема да не блокира кога ќе заврши овој циркуз со Бугарија или пак македонскиот народ конечно ќе има доблест да каже стоп на распарчувањето на неговата историја и држава ќе дозволиме ли повторно да бидеме изиграни од страна на Европа.

Кжога ќе биде доволно и дали договор со Русија и Кина ќе беше подобра варијанта за македонскиот народ остануваме да се прашуваме сите.

А во меѓувреме како тргнало подобро да не посвои некои од соседите зошто верувам дека и они повеќе би се грижеле за нас, нашата историја,црква,јазик отколку некои луѓе кои се поставени за тоа и на такви позиции во државава.

By Author